Петар Печков
Објавено: четврток, 05 јуни 2014
Кучето Ото кое е уште еден јунак на градските улици, бездомно животно -куче кое го прежива насилството од луѓето, замина за Франција. Откако беше прегазен и прегладнет, на работ на живото и смртта, беше спасен, одгледан, чуван и згрижен во нова средина. Ноќеска од Велес, замина за Софија, од каде со лет од Минхен до Марсеј ќе биде примен од неговиот нов сопственик Французинката Кристел. .
На почетокот од декември минатата година, кучето беше најдено од лица во Отовица, Тоа беше парализирано, неподвижно, изгладнето, со ужасни рани по телото. Бил удрен од автомобил, сам преживувал некое време а по повикот го згриживме. Имаше доби луѓе во Отовица кои го ранеле секојдневно. Го лекувавме иако докторите велеа ќе остане неподвижен. Три месеци го лекуваа, ние се грижевме за него, му набавиме подвижна количка . Сите средства за него, за лекување, за пат, ги собиравме на хуманитарни акции. Добивме многу помош и од странство, кои ја читаа приказната за Ото – вели Ивана Тончова член на Здружението за заштита на животните ,,Гласот на животните,,
Името Ото младите волонтери му го дале, оти бил пронајден во селото Отовица. Ото е втор куче, бездомно животно, кое за една година е спасено од смрт и вдомено во странство. Лани во овој период таков беше случајот со кучето Наполеон, кое остана без една нога, која му ја отсекол воз. Истото беше спасено а подоцна отпатува за САД, каде денес среќно живее со неговата нова сопственичка.
Бидејќи во ова здружение сите членови се млади волонтери, големи љубители на бездомните животни и се што рабатот работат со голема посветеност а без финансиска поддршка доколку можете помогнете
Донaциите можете да ги испратите на:
ЗЗЖ ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436ж
ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје
Има повеќе повредени и претепани бездомни животни отколку што ние можеме да им помогнеме. Ние сме само петнаесетина луѓе кои веруваат во својот сон, дека ќе го променат животот на животните. Не сме фенси здружение со свои шелтери и редовни спонзорства. но сме група која со огромна страст го посветуваме својот живот во спасувањето на друг живот, кој некому му е безначаен. Подготвени сме да соочиме со секој предизвик кој ќе ни го подготви нечовечноста на луѓето....
Tweet |