Петар Печков
Објавено: петок, 13 март 2026
Од 258 објекти кои постојат во населба Отовица, 71 отсто или за 183 е решено прибирањето на отпадните води и водоснабдувањето. За 75 објекти различно го имаат решено ова прашање. Од нив 21 е директно приклучен на колекторот, 13 се поврзани на старата селска канализација, која е поврзана на новата канализациона мрежа а користат индивидуални извори за водоснадување, 12 објекти се со септички јами кои не се изградени по стандарди и отпадните води понираат, нема податок дали и каде се одведуваат и три објекти каде не живее никој се без одвод. При контролата биле затворени 26 објекти и не може да се најдат сопствениците за увид како и каде се носат отпадните води.
Ваква е состојбата со снадбувањето со вода и нивното одведување, која ја има констатирано ЈКП Дервен на 16 јули 2025 година.
Отовица е приградска населба во Велес, лоцирана до езеро Младост и за дел од јавноста, причината за загадената вода на акумулацијата е нерешениот одвод на канализација или таа завршува дирекно во езерото.
„По овој период ЈКП Дервен врши приклучок на водовод и канализација на нови корисници од населбата а секој нов корисник значи еден загадувач помалку“ – кажа Антоанета Стојанова претседател на Комисијата за следење на состојбата на езерото. Таа овие податоци за состојбата со одводот на отпадните води ги сподели на седница на Советот на Општина Велес.
Колекторскиот систем кој ги прибира отпадни води од населените места Кумарино, Сојаклари, Отовица, сателитска населба не е исправен и како таков бил предаден на ЈКП Дервен во 2021 година. Вториот крак или т.н. мал колектор, кој е на левата страна од патот Велес – брана езеро Младост, поставен пред еко-кампот, хотел Глориус не е предаден на ЈКП Дервен за одржување.
Стојанова го актуелизираше и проблемот со чистењето на дното не езерото при што зборуваше за „евакуација на водата од езерото“, за што ниту еден советник на побара објаснување на што се однесува тоа.
„Проблем е и седиментот на езерското дно, каде се наталожени сите наслаги кои преку летото пливаа по повшината а со ниските температури како изумрена органска материја паднаа на дното. Дел од наслагите треба да бидат евакуирани. Треба да се изврши евакуацијата на водите, постапка која треба да биде дозволена и одборена. За истекот овие води кога ќе влезат во реката Вардар треба во согласност од Министерството за животна средина“ – рече Стојанова.
Или мешањето на водите со различен степен на загаденост не било дозволено.
| Tweet |




