Петар Печков
Објавено: вторник, 04 јули 2017
Излезе од печат третиот број на СТРИП АЛМАНАХОТ, специјално издание на ревијата„СТРИП КРЕАТОР,, единствено постојано стрип списание кај нас.
СТРИП АЛМАНАХ е замислен како ревија каде што , според дела на македонски сценаристи се цртаат стрипови од македонски цртачи но и гости од соседните земји. Така во СТРИП АЛМАНАХ бр. 3 авторските сценарија на Александар Стеванов од Штип, млад и веќе афирмиран сценарист, хроничар и дизајнер од Штип, беа пренесени од страна на цртачите: Дарко Богданов, Весна Ничевска, Мирко Бојаџиевски, Катерина Тери Николова како и Наташа Коњевиќ –гостинка од Босна и Херцеговина.
Издавањето на оваа ревија е конкретен обид за стимулирање и афирмирање на македонската стрип сцена – велат од Македонскиот стрип центар.
Ова издание на ,,Стрип Алманахот,, е заеднички проект на Македонскиот стрип центар –Велес а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Македонија.
Tweet |