Петар Печков
Објавено: вторник, 27 октомври 2015
Нови 51 семејство, жители на општина Велес добија отпис на долговите кон ЕВН, средства кои требало да ги платат за јавно осветлување. Тие од економски причини, не биле во можност и не ја платиле оваа обврска.
На 42-та седница, Советот на општина Велес донесе одлука за еднократен отпис на долгови на граѓаните, кои се однесуват по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување. Одлуката беше донесена едногласно од сите 22 присутни советника.
Таа е во Согласност на Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните. Единицата на локалната самоуправа, конкретно општина Велес, донесува акт за отпис на долгот по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување.
Со оваа одлука се опфтени 51 лице од територијата на Општина Велес. Висината на долгот се движи од 200 до 5.100 денари. Вкупната вредност на отпишаниот долг за јавно осветлување е 79.000 денари. Или во просек секој од должниците имал долг кон ЕВН за јавно осветлување од 1.550 денари.
По донесувањето на оваа одлука истата се доставува до должникот и до ЕВН Македонија. Претходно граѓаните кои спаѓаат во оваа социјално ранлива група, доставиле барање до Владата, надлежатна комисија го разгледала и пренела на Советот на Општина Велес, која го усвои.Ова е втора ваква одлука. Со претходната, од јуни месец, беше отпишан долг на 81 лице во висина од 235 илјади денари.
Tweet |