речник контакт

Отпорот на ФК Борец на Чаир скршен во финишот од средбата со ФК Шкупи

Продолжи првенството во Првата фудбалска лига.ФК Шкупи - ФК Борец 2:0 (0:0)

Петар Печков

судија: Гоцевски Струмица

стадион Чаир

стрелци:   Бајрами 80, Исеини  91

ФК Шкупи:  Алековски, Глишиќ,  Бајрами (ж) (ц), Бериша, Исени, Серџио Антонио, Ламине, Дарбое, Билали, Илиевски, Бианор Грацас во игра влегоа - Јусуфи, Кривањева, Гоудиабеј

ФК Борец 1919: Мустафа, Стојковски, Коцев, Прелчец, Силва, Ефтимов, Гавриќ, Лазаревиќ, Десниќ, Ристевски, Радовиќ  играа и - Абаз, Анастасовски, Николовски 

Со двата гола на домаќините постигнати во финишот на натпреварот, ФК Борец 1919 поразен се враќа од Чаир. Домаќините со головите на Бајрами 80-та  и Исеини  91-ва славеа и дојдоа до трите бода. Тие од 86-та минута играа со фудбалер помалку, откако Бајрами поради два жолти доби црвен и мораше да излезе од игра.  Во првите 45 минути немаше посеризони шанси за гол, а во второто полувреме домаќините имаа повеќе шанси но голманот Мустафа одлично бранеше, но не успеа да ги спречи стрелците на Шкупи во последните десетина минути да реализираат две и да му донесе бод не неговиот тим.   

Ова беше прв натпревар од продолжението на првенството на Првата лига, од 19-тото коло. По постигнатите резултати, без промени на дното, ФК Борец е 8-ми со 20 бода, пред ФК Ренова и ФК Работнички кои имаат по 19 односно 18 бодови. На седмото место е ФК Струга со 24 бода. Во следното коло, в недела на Градски доаѓа лидерот ФК Вардар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »