Петар Печков
Објавено: среда, 21 август 2013
16 корисници на земјиште кои живеат на улица Киро Чауле во населбата „Керамидна” во присуство на нотар, дадоа изјави дека се согласуваат да отстапат дел од нивните земјишта за уредување на улицата во овој дел од градот. За отстапувањето на делот од нивните површини тие не бараат никаков надоместок.
Тие преку оваа иницијатива и соработката со локалната власт, очекуваат дека нема повеќе да газат по кал и минат по неосветлена улица, за до нивниот дом . Општината кај ја пофалува желбата на жителите за начинот како да се реши проблемот кои тие го имаа со години и иницијативата која ја покажаа во изминатиов период.
Tweet |