Петар Печков
Објавено: петок, 16 мај 2014
Грдата слика околу споменикот на Гемиџиите и на приодот за Мало мовче повеќе ја нема. Откако беа отстрани од улицата Петре Прличко поради новиот сообраќаен режим, дивите тезги се поставија на просторот околу споменикот на Гемиџиите и Мало мовче.
Така приодот беше окупиран а на споменикот на славните велешани кои се арчеа за Македонија, имаше спрострено долен веш.
На овој начин тезгаџиите ги рекламираа своите производи. По реакцијата на надлежната комунална инспекција при локалната власт заедно со полицијата овие тезги се отстраните.
Сега улицата Петре Прличко од Стар мост до Автобуската е чиста и проодна, исто така тротоарите и приодот кон Мало мовче. Дел од овие продавачи сега се внатре на Пазарот а другите останаа на паркингот спроти некогашен ТУШ.
Tweet |