Петар Печков
Објавено: среда, 05 септември 2018
Во текот на денешниот ден, отстранети се наносите од дрвја кои беа на столбовите од мостот Гемиџии. Тие ја загрозуваа безбедноста и сигурноста на мостот. Според соседите околу мостот, дрвјата биле на столбовите закачени околу две години.
На иницијатива на Дирекција за заштита и спасување Подрачно одделение Велес одржан е состанок со раководителот на ЈП „Македонија пат” подружница Велес по што било договорено заеднички да се изведе отстранувањето на наносите дрвја., при што било потребно и пониско ниво на реката Вардар за да може да се работи.
Дирекцијата за заштита и спасување подрачно одделение Велес, во рамките на своите надлежности врши константно следење на состојбите на терен и утврди недостатоци односно заглавени дрвја на столбовите на мостот Гемиџии на реката Вардар. Од наша проценка дека со надоаѓање на големи води постои голема веројатност да дојде до сериозно оштетување, а следствено на тоа и уривање на мостот - изјавија од Дирекцијата за заштита и спасување.
Од утрото екипа од ЈП „Македонија пат” подружница Велес со нивна механизација и со поддршка од Дирекција за заштита и спасување Подрачно одделение Велес работеа на расчистување на насобраните односно заглавените дрвја од столбовите на мостот Гемиџии. Тоа заврши после пладне. Така е отстранета опасноста од евентуални оштетувања на мостот при надоаѓање на голема вода во река Вардар.
Tweet |