Петар Печков
Објавено: четврток, 02 февруари 2023
Центарот за управување со кризи, по добиената информација, презеде превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар кај Неготино (поточно кај с. Пепелиште) и од поголемо локално поплавување. Поради сложеноста на расчистување ангажирана е специјална машина
„Водостопанство АД „Тиквеш“, подружница Кавадарци на 1 февруари е извршено чистење и отстранување на дрвната маса и друга вегетација од бетонските столбови на мостот на реката Вардар од патниот правец Неготино – Штип, близу село Пепелиште (познат како Пепелишки мост) - соопштија од ЦУК.
пријавената опасност беше резултат од нанесените гранки и дрва, како своевидна брана, на столбовите од мостот од надојдената вода на реката. тие го попречуваа речниот тек како своевидна брана, па покрај зголемен притисок на мостот го подигаат речното ниво пред мостот и да предизвикуваат локално излевање на водата надвор од коритото.
Tweet |