Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 јануари 2023
Отстранети се последиците, откако патнички вагон исклизна од пругата, утрово на железничка станица Кадина река.
„Железничкиот сообраќај од 11.20 часот е повторно воспоставен по отстранувањето на последиците од вонредниот настан“ - соопштија од МК Инфраструктура.
Инцидентот се случи утрово околу 7 часот, кога еден од трите вагони на патнички воз од Гевгелија за Скопје се излизгал од шините, повредени патници немало. Од шините се излизгал вториот од трите вагони.
Железничкиот сообраќај се одвива според условите на теренот.
Tweet |