Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 септември 2010
Отфрлена е кривичната пријава против Стојан Маневски, поранешен градоначалник на Општина Чашка кој беше осомничен за злоупотреба на службена должност по тендерот за изградба на водовод во селото Голозинци во 2007-та.
Тоа што го тврдев уште кога беше поднесена кривичната пријава против мене, со постапката се докажа, дека се што сработив во општината беше законски и чесно, во интерес на граѓаните. Службениците што не се покажаа со работа, на овој начин се обидуваа да ме дискредитираат но не им успеа - вели Маневски.
Тој беше осомничен од полицијата дека за водоводот во селото Голозинци кој чинел четири милиони денари, не е избрана економски најисплатливата и најниска понуда, туку највисоката. Фирмата што не го добила тендерот се жалела на постапката, по што биле повикал двете странки и им е објаснето дека одобрените 4 милиони денари од Владата ќе пропаднат ако се прифати жалбата. Затоа било понудено фирмата што изгубила да ја повлече жалбата и да си наплати друг проект, кој бил завршен.
Но истражната постапка покажала дека не била таква фактичката постапка, па пријавата е отфрлена.
Tweet |