речник контакт

Отфрлена понудата за преземање на Киро Ќучук

Несериозна и неквалитетна, сакале за пет илјади евра да го добијат некогашниот индустриски гигант а не дојдоа на претставување на планот

Петар Печков

Понудата на прилепски Микронтеч, да го добие велешки Киро Ќучук е отфрлена. Доверителите со мнозинство гласови се изјаснија против  планот за реорганизација на  фабриката која е во стечај.   На Собранието на доверители не дојде никој од Микронтеч да го презентира планот, па него мораше да го прочита судијата. Со планот се предвидува активно да  се вработат сто лица, имотот да премине во сопственост на  новиот сопственик, тој да се пререгистрира во ДООЕЛ.

Мокронтеч предвидува ремонтот да трае шест месеци, во првата година да произведува 250 илјада  за пет години да стигне до 600 илјади цигли, да инвестира половина милион евра, исплата на долгот без камата за доверителите и по три плати за поранешните вработени. Исплатата би почнала од 2016 година. Новата фирма би се викала Киро Ќучук 2014 и ќе се регистрира со неговиот долг од 5 илјади евра кој  е во стечајната маса – изјави судијата Александар Шопов.

Со оваа пондуа единствено се сложи Тутунска НЛБ Банка, која има  учество 3,5 отсто во вкупна стечајна маса и тоа со хипотека од недвижен имот. Останатите беа против. 

Планот за реорганизација е спротивен на интересите на доверителите, реално неспроведлив. Тој несериозен а несигурен за доверителите – изјави Ацо Петров стечаен управник на Киро Ќучук.

За дел од поранешните вработени ,,со планот сака да се купи фабриката за без пари,, или  ,,тоа се заткулисни игри на претходната гарнитура, која го доведе Киро Ќучук во стечај,, .  Одборот на доверители на претходна седница дал негативно мислење за планот. Претставникот на државата исто така соа негативен став.

Зошто со планот за реорганизација не се третира УЈП како најголем доверител. Побаравме да се обезбеди финансиско осигурување, банкарска гаранција за доверителите, тој не достави. Затоа сме против неговиот план – изјави Борче Пинев, државен правобранител за територијата на Велес.  

По ова стечајниот управник најави дека  Киро Ќучук ќе се ликвидира и ќе започне постапка за продажба.

Одборот на доверители во најскоро  време ќе донесе одлука за продажба на имотот, движен и недвижен во целина и тоа преку јавен оглас. Паричните средства кои ќе се обезбедат од ова ќе бидат искористени за намирување на трошоците  на стечајната постапка и на стечајните доверители, согласно Законот за стечај – изјави Петров.

Првата почетна цена ќе биде проценетиот имот околу 3,7 милиони евра, додека побарувањата на доверителите достигнуваат два пати повисока вредност, десет милиони евра.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »