речник контакт

Офицерски се врати на АРМ

Поради неплатена закупнина за период од 10 години, судот го раскина договорот и сега тој е целосно во владение на државата

Петар Печков

Офицерскиот дом  во Велес се враќа целосно во владение на државата. Причина за тоа е неплаќањето на закупнината и долг  за период од девет години и во висина од 5 милиони денари.

Со ова  Апелација ја  потврдува првостепената одлука на судијката Билјана Јачева од Основниот суд во Велес, и наложува до крајот на месецот објектот  од 477 м2 и летна  бавча од  254 м2 да ги ослободи.  Причина за ваквата судска одлука е непочитувањето  на потпишаните рокови  од договорот,  до 15-ти во месецот да се плаќаат фактурите за закупнината.  

Ова е судската разрешница на  спорот кој траеше со години, а во кој Министерството за одбрана ја тужеше фирмата ,,Никола – Комерц,, од Велес. Домот на АРМ во 2001-та бил отстапен на користење  по цена од 2 германски марки за квадрат и 1,05 од квадрат за летната бавча. Но тие пари во месечен износ  1.217  германски марки во денарска противвредност на денот на плаќањето по средниот курс,  за период од 10  години  никогаш не биле платени. Договорот е во марки,  бидејќи тој е потпишан во септември 2001 година.

По првостепената судска одлука, пролетва тогашниот министер за одбрана Зоран Коњановски најави дека во транспарента постапка, популарниот Офицерски дом ќе му го предаде на градот Велес. Градоначалникот на Велес, Горан Петров, вели дека тој објект е добредојден, но за да неговата натамошна судбина ќе треба да се знае, дали државата ќе го даде на трајно користење или на одреден временски период.  Што потоа на негово место ќе добијат велешани,  првичните најави  се од Дом за стари лица и пензионери, преку  Факултет  до можност за изнајмување за угостителски објект со нов газда, ќе покаже времето.

Досега таму работеше познатиот ресторан ,,Снупи,,, кој сега мора да се исели. Домот на АРМ претходно беше продаден на Кољо Мечкаров за 244 илјади евра, но тој  не го платил навреме, поради што договорот беше раскинат и во 2007-та вратен на државата и запишан како имот на Република Македонија.  Таа не можеше да располага со Офицерскиот дом, бидејќи  со договорот за закуп   до пред некој ден корисник беше ,,Никола Комерц,,.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »