речник контакт

Офицерскиот дом наскоро угостителски објект

Владата по брза постапка, потврдно одговорила на барањето објектот да биде во сопственост на Општина Велес. Преку јавен повик ќе се бара угостител-инвеститор

Петар Печков

Владата и го предаде во сопственост  Офицерскиот дом на Општина Велес, па сега нема пречки тој  да биде повторно угостителски објект, како што беше пред некоја година.  Одлуката Владата ја донела на седницата од 22 мај, по барањето на локалната власт на Општина Велес. Тоа доаѓа откако неодамна Државниот правобранител за подрачјето на Велес дал согласност Офицерскиот дом,  да може да се даде во сопственост на Општина Велес и да служи како угостителски објект.

Оваа одлука е од големо значење за Велес и велешани. Наместо да зјае празен и да пропаѓа ќе го вратиме животот во ова култно место за граѓаните. Во најскоро време Офицерскиот дом пак ќе биде центар на социјализацијата и дружењето за сите генерации велешани и ќе ја поттикне локалната економија.  Го слушнавме гласот на велешани, кои сметаат дека објекот треба да има  угостителска намена.  Би сакал од името на сите граѓани на Велес да упатам благодарност до Владата на Република Македонија за  брзата одлука и отворената можност да го вратиме сјајот на Офицерскиот дом -  кажа градоначалникот Аце Коцевски.

Тој најави дека  најкус можен рок ќе се објави  јавен повик за заинтересираните инвеститори и угостители. Површината  на парцелата лоцирана на улицата „Благој Ѓорев“ бр. 1 е  2663 м2 а објектот располага со приземје, кат и поткровје како и двор.

Изминатите години откако беше даден на користење на Општина Велес, претходната градска власт Домот на АРМ планираше да биде Градска куќа со венчална сала, резидијален објект,  простор за пратениците и прием на странски делгации. Откако не се користеше, Офицерскиот пропаѓаше, стана руина и грда слика за градот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »