речник контакт

Охриѓанец возел по експресниот пат за Штип, кај Иванковци со 127 км на час

По целосно документирање на случајот, против него полицијата ќе поднесе соодветна пријава

Петар Печков

Неделата попладне возач со потекло од Охрид, кој управувал автомобил шевролет, на сообраќајницата Штип –Велес, после крстосницата за Иванковци, возел со брзина три пати поголема од дозволената. Деталите од информацијата на велешката полиција.  

„На 26.04.2026 во 17:00 на патот Штип-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Н.(37 год) од Охрид. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „шевролет“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е 50 километри на час“ – соопштија од СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, против него полицијата ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »