речник контакт

Охриѓанец пријавен дека со остар предмет нападнал дете во Велес

Кај уапсениот пронајдени нож и солзавец

Петар Печков

Утрово, сабота велешката полиција уапсила лице, за кое имало пријава дека со остар предмет,  нападнало дете. Деталите од информацијата на СВР Велес. 

„На 2 март  во 06.30 часот на улица „Петре Прличков“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле П.М.Ј.(26 год) од Охрид, постапувајќи по пријава од М.Б.(52 год) од Велес дека со остар предмет го нападнал нејзинот малолетен внук. Кај него бил пронајден и одземен нож и солзавец“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »