Петар Печков
Објавено: четврток, 07 февруари 2013
АД Киро и Ќучук отиде во стечај оти има блокирана жиро сметка повеќе од 45 дена. Ова е одлуката на стечајниот судија а по барање на Министерството за финансии Управа за јавни приходи. Некогашниот индустриски гигант на државата и должи 360 милиони денари за даноци а на листата на доверители се и Фондовите за ПИОМ и здравство. За стечаен управник е именуван досегашниот привремен Ацо петров. Фабриката која некогаш вработуваше 800 лица, во стечај замина со 53 вработени.
Поголемиот дел од движниот и недвижен имот е оптоварен,ставен под хипотека. Со изнесените податоци се согласи и директорот Киро Камчев, кој присуствуваше на седницата. Собранието на доверители, до кога доверителите треба да ги достават нивните побарувања е закажан за 23 април годинава.
Во изминатите години, АД Киро Ќучук во последен момент се спасуваше од стечај, иако имаше барања од различни доверители. Поради неликвидноста и неплаќањето на давачките државата му ги одзеде и петте концесии за работа со земја а ЕВН –ЕСМ го исклучи од снабдувањето со струја поради милионски долгови.
Tweet |