Петар Печков
Објавено: среда, 13 декември 2017
Ивица Поповски освен што е пожарникар во ТПП единица во Велс тој има и дополнителна работа. Тој е еден од малкуте оџачари во градот. Во овој период, кога тие се на цена и се бараат, Ивица постојано е на терен, по велешките кровови. Помага да се исчистат оџаците, да нема проблеми со користењето на ќумбињата. Како оџачар работи четири години.
Оваа провесија е дефицитарна и младите ретко кој се решава да се бави со неа. Кога работам како пожарникар увидов дека има доста проблеми во градот со палење на оџаците. Од тоа имаат големи штети и сопствениците но и соседите. Кога одев на интервенција се запознав со оџачар и како изгледа неговата работа. По долго време размислување, решив како дополнителна дејност да ја работам оваа работа. Таа е мошне тешка. Бидејќи постојано се на кров – вели Ивица.
За да се надградува, за да учи и напредува, добивал помош од искусни оџачари, читал литература, следел се што е поврзано за оваа дејност. Потоа почнал да набавува опрема и започнал со работа. Од година во година, се повеќе велешани се обраќаат на оџачарот Саѓе, како што е името на фирмата на Ивица за да го среди домашниот оџак.
За домовите и зградите годишно е потребно два до три пати да се исчисти оџакот, тоа е согласно Правилникот за домување. Вообичаено се чистат пред грејната сезона во септември и октомври и во текот на неа, во јануари и февруари. Од долгогодишното искуство можам да кажам дека оџаците се забораваат. Ќе се избели куќата и кога ќе почне грејната сезона, се појавува проблемот. Оџакот е запуштен и дома, во собата влегува димот. Треба да се знае дека деловните објекти –државните институции мора да се чисти оџакот месечно во текот на грејната сезона. Скарите исто така месечно, се додека се во функција – додава Ивица.
Според неговите пресметки за овие четири години тој посетил 1,5 илјади велешки објекти, што куќи што згради, без оглед дали еднаш или два пати. Највисоко каде работел се двете кули близначки кај пазарчето во Нова населба. Проблемите во оџаците најчесто ги создавале птиците.
Галапчиња, чавки, гаврани разни птици, во текот на летото во оџаците плетат гнезда. Кога ќе почне грејната сезона има проблем со отпушувањето. Дека еден оџак не функционира се познава дека димот се враќа назад или над розетната се јавува црнило. Оџакот може да се чисти од кровот или од долу.
Тешкотија му е да набави оџачарско одело бидејќи во Македонија нема професионален дуќан. Задолжителна опрема е ѓулето, четка, сајла, огледалце. Вели дека е тешко да одговори на бројните повици. Потоа да се држи рамнотежа на кровот, да не се оштети или полошо да се лизне. Затоа се користат исклучиво специјални чевли. Објаснува дека велешани најчесто и најмногу се геја на дрва. И се надева дека набргу уше некој ќе се охрабри да се бави со оваа работа, бидејќи имал работа па не можел секаде да престаса. Ако сакате и вие да користите услуги на оџачарот Саѓе, од Ивица Поповски, можете да го најдете не телефон 078 314 625
комерцијален текст
Tweet |