речник контакт

Пo десет години затвор за тројцата кавадарчани за убиството по расправија во казино

Убиството се случи на 27 август минатата година, пред 5 часот утрото

Петар Печков

Тројца кавадарчани  се прогласени за виновни за убиството кое се случи  пред казино во центарот на градот, пред една година.  Обвинети како сторители на убиството над Панче Т. (43 год)  се  Д.Б.(27 год), М.Ѓ.(36 год) и Д.С.(28 год), сите од Кавадарци.

„Кривичниот совет при Основен суд Кавадарци обвинетите за кривично дело Убиство од чл.123 ст.1 в.в со чл.22 од КЗ ги прогласи за виновни и ги осуди на казна затвор во траење од по 10 години за секој осуден.  Во кривичниот предмет немаше признание на вина и на обвинетите им е продолжен притворот бидејќи истите се прогласени за виновни“ – соопштија од Основен суд Кавадарци, на поставеното прашање од ТрМр. . 

Пресудата е првостепена, странките имаат право на жалба, која веќе е најавена од ОЈО Кавадарци како незадоволна од изречената пресуда. 

Убиството се случи на 27 август  минатата година, пред 5 часот, кога тројцата обвинети со Панче Т. имале вербална расправија во казиното.  Потоа излегле надвор, физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава. Оштетениот се обидел да влезе во казиното, но изгубил свест. Со ударите му нанеле повеќе тешки телесни повреди.  Тоа се случувало на  заден влез од казино во центарот на Кавадарци, на ул. Никола Минчев.  Нападнатиот од здобиените удари починал на лице место. Кога за 15 минути дошла екипата на Итната помош, таа можела да констатира дека лицето е починато од повредите здобиени во главата.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »