речник контакт

Павлинка ослободена од вина за убиството на невенчаниот сопруг Александар Ристовски, сторено било во нужна одбрана

Обвинетата при овој напад била доведена во витална загрозеност и барала начин да си го спаси сопствениот живот и се бранела со првиот предмет кој го дофатила.

Петар Печков

Павлинка Илоска (23 год) е слободена од обвинението за убиство на миг, сторено над нејзиниот невенчан сопруг Александар Ристовски(40 год). Ова е одлуката на судијката Габриела Гајдова од Основен суд Велес, која е првостепена. Таа во подолгово образложение кажа дека е сторена во „нужна одбрана“. Обвинетата е ослободена од мерката куќен притвор.

„Нужната одбрана е крајно  средство за одбивање на нападот, кога нападнатиот на може да се извлече на некој друг начин. Таа при овој напад била доведена во витална загрозеност и барала начин да си го спаси сопствениот живот и се бранела со првиот предмет кој го дофатила. Таа не имала умисла да го убие Александар, туку напротив повикала брза помош, ги следела упатства како да му помогне“- кажа судијката Гајдова.   

Илиоска се товареше дека сторила убиство во миг над Алексндар Ристовски кое се случило на 29-ти септември иматната година. Обвинителката Анастасија Миланова најави дека ќе ја обжали пресудата.   Павлинка во прв момент, по објавата на пресудата во судницата, радосно го прегрна нејзиниот бранител адвокат Димитар Петрулев.

Дека покојниот Ристоски како полицаец уживал заштита посочи нејзиниот бранител. Тој упатил прашање како постапила дисциплинската комисија во СВР Велес. по  правосилноста на пресудата за кривичното дело „изнуда“, кое сега покојниот Ристовски го извршил над сестрата на Павлинка во септември 2016-та, за да и ја препише куќата,

„Иако за пресуда за кривично дело со една година затвор условно се одзема службен пиштол  одговорот беше дека  во случајот со Ристовски не е постапено и не му е одземен. Тоа е институционален пораз“- кажа  во завршен збор адвокатот Петрулев.   

Еден од соседите посочи во сведочењето  дека три пати сега покојниот бил телефонски  пријавуван за вознемирување, на 192, но ниту еднаш не дошла полиција на терен.   Илоска раскажа и зошто не го пријавувале нејзиниот партнер при вршењето на семејно насилство.

„Тој секогаш ги криеше телефоните, откако ќе ме нападнеше. Во една пригода го најдов и сакав да повикам полиција. Но тој ме откри и кога ги виде бројките 192 го извади службениот пиштол, го впери во мене и ми се закани по живот, дека следен пат ќе ме убие“- кажа Павлинка.   
Информацијата дека при вработувањето на Ристовски во МВР како полицаец не ја минал безбедносната   проверка од тогашната Управа за безбедност, МВР не одговори на ова поставено прашање.

Ова не е прва ваква ослободителна пресуда во Основен суд Велес. Пред 25  години  беше ослободен од вина син кој го уби таткаси при вршење семејно насилство над неговата сопруга а мајка на обвиениот. Убиството се случи во село Иванковци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »