Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јуни 2016
Спомен плочата поставена на галаријата кај Мало мовче падна и е оштетана. Ова според очевидците се случило, во вторникот попладне. Не е познато дели некој намерно ја симнал или е оштетена поради дотраеност на носачите, или пак поради вибрациите од возовите кои минатпо пругата.
Таа беше посветена на борец од НОБ Тодор Ацев, (23 год), кој храбро втрчал да го отстрани динамитот, кој го поставиле германските војници за да го минираат при нивното повлекување а во текот на операцијата за ослободување на Велес на 9-ти ноември. Тој загинал а не бил спасен ниту мостот.
Со Одлука на Советот на Општина Велес, за одржување и обезбедување на спомениците и спомен-обележјата на територијата на Општина Велес се грижи Локалната установа Народен музеј Велес и ЈКП „Дервен“ од Велес.
Tweet |