Петар Печков
Објавено: петок, 11 јуни 2021
Нема промени во здравствениот билтен, на состојбата со ковид-19 во велешко. Нема ново заразени, нема оздравени и натаму активни се два случаи, според податоците на Институтот за јавно здравје.
Опаѓа бројот на лица кои се згрижени во велешка Болница, претпладнево ги има шест .Од нив еден е потврден позитивен и пет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се тројца пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест. На Инфективно одделение се двајца а на Интерно четворица пациенти.
Tweet |