речник контакт

Падна бројот на лица во велешко, на само пет на ден, кои проверуваат дали се позитивни на корона вирусот

Во Центарот за јавно здравје граѓаните може да проверат дали има присуство на антитела во крвта по прележан ковид-19 или извршена вакцинација

Петар Печков

Од педесетина лица кои во ударниот период март -април проверуваа дали се позитивни на ковид-19, на само пет на ден, оваа седмица. Ваква е состојбата со земање на брис, за дали  лицето е позитивно на корона вирусот, во велешкиот пункт, кој се наоѓа во поранешното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот.  

„Овие четири дена од оваа работнa седмица,  има 26 лица кои извршиле проверка дали се позитивни за ковид-19. Во просек се закажуваат помеѓу пет до десет термини на ден“ - кажа д-р- Весна  Николовска Неделкова, директор на Центарот за јавно здравје Велес, во чии рамки  работи овој пункт.   

Во оваа здравствена институција од почетокот на месецот  се вршат анализи за  состојбата со антитела. Граѓаните можат да  проверуваат  каква е состојбата со ИгМ и ИгГ за ковид-19. Проверката е на товар на пациентите и цената е 800 денари за еден тест.  Овој документ е потребен при влез за одредени земји кои  бараат потврда за присуство на антитела во крвта на туристите.  

„Со оваа анализа се докажува  дали лицата кои  прележале ковид-19, имаат присуство на антитела во крвта  и дали се создале антитела  во организмот после извршената вакцинација“ - вели д-р Весна  Николовска Неделкова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »