Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јули 2022
Претпладнево околу 9,30 часот на градилиште во Кавадарци, се срушил кран, при негово монтирање за изведување на градежни работи на станбена зграда. При монтажата, кранот се откачил и паднал. При инцидентот загинати се две лица и двајцата жители на Скопје. За случајот е запознаен и Трудов инспектор.
„Во зграда во изградба на булевар „Цветан Димов“ во Кавадарци, извршувајќи работни задачи, при пад од кран од здобиените повреди на местото починале С.С.(51) и М.Н.(31), двајцата од Скопје. Според пријавеното, со повреди се здобил и Ч.М. од Скопје и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош“ - соопштија од МВР.
Увид извршил и јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот.
„Издадена е наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби. Со цел утврдување на причините за несреќата ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности’ - соопштија од ОЈО Кавадарци.
На лице место стигнала екипа на Итната помош од Кавадарци, која само констатирала смрт кај две лица, без можност да се помогне.
Tweet |