речник контакт

Падна маслинката кај Пензионерски

Среќа не паднала во момент кога имало движење на пешаци и автомобили

Петар Печков

Годините го сторија своето, падна маслинка кај Пензионерски, во дворот на некогашен ГП Бетон. Таа ненадејно се срушила од корен, и паднала среде улица. И тоа една од најпрометните Алексо Демниевски Бауман.

Сведоците од соседните згради велат чиста среќа е што не направила голема белја, оти тука се вози брзо и возачите многу не внимаваат. Но во моментот кога паднале немало автомобили.

По реакцијата на станарите дојадоа екипи на противпожарната единица кои го исекоа дрвото и го отстранија од улица. По него дојдоа и екипи на ЈКП Дервен кои ги собраа остатоците  од маслинка.  Така ова дрво кое во пролет мирисаше убав повеќе го нема. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »