Петар Печков
Објавено: сабота, 20 август 2022
Центарот за управување со кризи соопшти дека паднатите дрвја во Велес, од попладневното невреме биле отстранети. Исто така и дел од паднатиот кров од т.н. Социјални згради
„Од невремето има паднато дрво на главната улица кај населба Тунел, на која интервенирале двајца пожарникари со 1ПП возило, дрвото е отстрането. Исто така има пријавено паднат дел од кров на ул. Живко Фирфов истиот е расчистен од страна на ТППЕ Велес со едно возило и тројца пожарникари. Екипите се на терен со цел да се санираат штетите. Паднато дрво врз кола, интервенирано е од страна на ЈКП Дервен, при што дрвото е тргнато и ќе се направи увид и записник од страна на СВР Велес“ - соопштија од ЦУК.
Екипите на ЈКП Дервен се на терен и работа на расчистување на последиците од невремето.
„Веднаш после денешното големо невреме, екипи на ЈКП Дервен заедно со екипи од Територијалната противпожарна единица Велес, излегоа на терен каде на повеќе локации во градот беше интервенирано. Во моментов, екипите продолжуваат со работа се до расчистување на сите критични локации во градот“ - соопштија од ЈКП Дервен.
На подрачјето на општина Чашка, од невремето во село Мартолци имало доста штети дополнија од ЦУК. Од ЈКП Тополка има испратено екипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, имало паднато дрвја но и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување. За оваа настаната ситуација е известен и директорот на ЕВН.
Tweet |