Петар Печков
Објавено: сабота, 21 март 2020
Постапувајќи по заклучоците на локалниот кризен штаб на Општина Велес, ЈКП дервен воведе времени мерки за двата градски пазари.Тие се на сила се додека траат мерките за заштита од корона вирусот. Главниот градски пазар ќе има ново скратено работно време од 6 до 14 ч. секој ден.
Покриениот пазар во Нова населба се затвора времено, се додека траат мерките за заштита од корона вирусот. Градскиот пазар ќе работи со намалено работно време, но и со ограничено влегување на посетители. Тие ќе можат да влегуваат откако пазарот ќе го напуштат купувачи а за тоа ќе се грижат инкасантите - информираше за ТрМр Љупчо Лазевски раководител на одделението Пазари при ЈКП Дервен.
Тие денес вонредно извршија ново дезинфицирање на површината и тезгите од Градскиот пазар
Tweet |