речник контакт

Пакомак подари нови 20 контејнери за отпад од стакло

Ќе бидат поставени на јавно -прометни површини и граѓаните таму ќе може да фрлаат стакло и тегли. Донацијата е вредна 375 илјади денари

Петар Печков

На последната седница на Советот на Опшtина Велес, прифатена е понудата од  ,,Пакомак,, за донација. Таа се состои од  20 пластични контејнери од 1,5 м³ и  се наменети за собирање и складирање на отпадно стакло.

ПАКОМАК одлучи на Општина Велес да и донира уште 20 специјализирани контејнери кои ќе бидат поставени на фреквентни локации на јавно-прометни површини, со што ќе се придонесе на засилување на системот за собирање на отпад кој може да се реупотреби и рециклира. 

Понатамошниот корисник на донацијата ќе биде ЈКП „Дервен“ со што ќе се овозможи употреба и одржување на садовите од страна на овластен оператор за постапување со отпад од пакување на територијата на Општина Велес.  Донацијата е со вредност од 375.240,00 ден. со што ќе се придонесе на засилување на системот за собирање на отпад кој може да се реупотреби и рециклира. 

Локалната власт  апелира до граѓаните да ги користат контејнерите исклучиво за селекција на отпадно стакло (шишиња и тегли)  со што ќе придонесат за селектирањето и рециклирањето на комуналниот отпад и заштитата на животната средина.

Лани  ПАКОМАК на Општина Велес и донираше 10 контејнери за собирање на старо, отпадно aмбалажно стакло (амбалажа од шишиња, тегли) кои беа поставени во непосредна близина: ТУШ, БРАКО, КАПРИ, ВЕ-МОЛ, ПАБ, САКО ТРЕЈД, Градски парк, по должина на ул. Лазо Осмаков. Донациајта е веќе добиена и 20-те контејнери наскоро ќе бидат поставени.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »