Петар Печков
Објавено: среда, 03 јули 2024
Со решение на Министерот на МВР Панче Тошковски, за нов началник на СВР Велес е поставен Бране Паласков. Тој на оваа позиција беше и во време на техничката влада, во период кога се спроведуваа изборите.
Паласков досега беше на позицијата Виш инспектор – главен дежурен во центар за известување и командување при СВР Велес. Тој е дипломиран економист и во СВР Велес има десет годишен стаж.
Позицијата на која се наоѓа ги покрива Полициските станици Велес и Чашка, како и ОВР Кавадарци и Неготино и Полициска канцеларија Демир Капија.
Tweet |