речник контакт

Палатата на Абрамович од 175 милиони евра

Незадоволен од десетици куќи ширум светот кои веќе ги поседува, рускиот олигарх Роман Абрамович (44) купи зграда со девет станови во луксузниот кварт во Лондон, во непосредна близина на познатата стоковна куќа „Хародс“. Зградата со осум спални соби, пет надземни и три подземни спрата чини и цели 175 милиони евра и е вистинска палата достојна за крал, па дури и за цар.

Петар Печков

За сопственикот на фудбалскиот клуб „Челзи“, кој со своето богатство проценето на 14 милијарди долари го зазема 15 место на листата на најбогати луѓе во светот, новата куќа ќе биде мерка за сопственото богатство и раскошниот израз на неговиот личен стил и ќе обезбеди голем простор за Абрамович, неговата партнерка Даша Зукова (29) и неговиот едногодишен син Арон.

Според зборовите на лице запознато со плановите, „куќата внатре ќе потсетува на палата, бидејќи Абрамович сака ентериер во Викторијански неокласичен стил, кој треба да одговара на надворешниот изглед на зградата“.

Наместо работата да ја препушти на некоја фирма за внатрешен ентериер, Абрамович лично го проектирал, кој се одликува со богати теписи, многу кадифе и дебели драперии, воопшто не штедејќи и сосема во склад со својот ни најмалку минималистички вкус. Според мислењето на експертот за стари згради Џон Мартин Робинсон, кој како консултант одобри проект за реновирање, предвидените градежни работи на зградата од 1830 година „ќе оживее нешто од првобитниот викторијански сјај на Лауднес сквер и ќе пружи еден оплеменет класичен ентериер“.

Во куќата ќе има голем простор, доволен за сите пет постари деца на Абрамович ако дојдат во посета, бидејќи зградата со пет надземни и три подземни спрата има осум спални соби со бањи, кино сала и просторија за забава, затворен базен и соби за игра и учење наменети за деца.

За да се добие зграда со површина од околу 2000 метри квадратни, што е пет пати повеќе од обична семејна куќа со пет спални соби, ќе се адаптираат две соседни згради, до сега поделени на 9 станови. Абрамович во текот на изминатите 15 години купувал еден по еден, по вкупна цена од околу 20 илјади евра, што е многу помалку од нивната реална вредност, трпеливо спроведувајќи ја намерата да ја стекне целата недвижнина која ќе може да се реновира.

Покрај ова луксузно здание, списокот на недвижнини на Абрамович опфаќа и луксузен стан во новиот станбен комплекс на Бриџ Варф, имотот Фајнинг Хил во западен Сасекс, имотот на Сент Бартс со куќа налик на палата, куќа во Москва, вила во јужна Франција, куќа во Тоскана, хотелски комплекс на Кипар и куќа за одмор во Црна Гора.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »