Петар Печков
Објавено: петок, 20 ноември 2015
Деновиве вработените од ЈКП Дервен ги заштитија 47-те палми, кои пролетва беа засадени во Велес.
На повеќе локации во градот, сите палми се обвиткаа со јутено платно, кое според стручните лица, штитело од ниските зимски температури.
Палмите се засадени во Младински, пред Гимназија, на влезот од Штипско џаде, во Офицерски. Нивната вредност е 500 евра по дрво и се набавени од ЈП Македонски шуми.
Во изминатите месеци, три палми до градот беа потпалени од страна на млади лица, но палмите куртулија, за среќа.
Tweet |