речник контакт

Паметните водомери на ЈКП Дервен со позитивни оценки по пробата

Паметните водомери го положија приемниот и по пробниот период на користење, ЈКП Дервен и корисниците задоволни од новината.

Петар Печков

 Неподелени се пофалните зборови за оваа новост која започна да се применува пролетва а по шест месеци примена, првите резултати се со високи оценки. Корисниците на вода задоволни што нема повеќе да го чeкаат инкасаторот.

Лицето кое ги читаше водомерите доаѓаше неколку пати во годината, не секој месец. Па имаше случаи кога ен сме дома, и по половина година да не влезе дома и плаќавме по проценка, не по потрошена вода. Се случуваше да дојде во сабота наутро кога одмараме па се нарушуваше приватноста. Ова е подобро, резултатите се читаат секој месец а ние и не знаеме кога. Во една пригода дури не информираа дека   два дена водата тече постојано, и констатиравме дека тоа е од казанчето за веце. Така го поправивме и заштедевме од зголемен трошок– велaт  сопствениците на 150-те водомери на далечинско читање.

Пред неколку месеци заврши пилот проектот о на ЈКП Дервен, за поставување на механизми за водомери со опција за далечинско отчитување. По завршената проценка на ефектите тој  покажал одлични резултати.  Новите ,,паметни,, водомери се инсталирани  во Нова населба на дел од  ул. Лазо Осмаков, Пајак Планина, Мирка Гинова и Осма Велешка Бригада. Таму  каде старите  водомери не биле соодветни, ЈКП Дервен бесплатно ги заменувал со нови.

Со воведувањето на овој систем ќе се овозможи читање на сметките секој месец, а не како досега, три пати во годината. Исто така, ќе се заштити приватноста на корисниците, заради тоа што нема да има потреба да се влегува во становите и таму да ја утврдуваат состојбата со потрошената вода. Уште една предност е тоа што во случај на оштетена инсталација и постојан проток на вода, овие механизми веднаш ќе дадат сигнал, по што инкасантите ќе можат да ги алармираат корисниците дека нешто не е во ред со нивната куќна инсталација и ќе се постигне да се намали непотребно потрошената количина на вода кај корисниците – вели Тодрока Пенкова Андреевска портпарол на ЈКП Дервен.

Претпријатието, во зависност од финансиските можности, во иднина има намера да продолжи со неговата изведба и кај останатите реони од градската водоводна мрежа. Пилот проектот го чинеше претпријатието околу 10.000 Евра.  И во иднина, примената на овој проект ќе биде бесплатна за граѓаните а сите трошоци ќе ги покрива ЈКП Дервен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »