речник контакт

Пампурот го заблажува велешани со децении

Нема значен настан каде Мемет Пампуров не ги продава неговите благи работи

Петар Печков

Мемет Пампуров, кај велешани познат како Пампурот  е секогаш присутен на настан, манифестација која се одржува на отворено. Откако ќе пукне  пролетта, па се додека не се појават есенските дождови тој е тука меѓу велешани. Им нуди занимација,  благи работи, сусамки, шеќерлеме, јаболка  со прегорен шеќер, памук од шеќер.. 

 Работа има, кога како, ќе купи некој да се заблажи, за децата. Ние сме тука, секој ден низ градот,  по пазарот, да понудиме. Децата се најголемите потрошувачи, тие најчесто купуваат - вели популарниот Папмур.  40 години се занимава со производство на бонбони, занаетот заедно со татко му  го учел кај Палашеви.  

Најмногу се трошат за празници кога има некој собир кога има многу народ тогаш се бара, во другите денови помалку, Велигден, Балаклија, кога има некој спортски натпревар. Има колку толку,  бериќатврсан има едно парче леб, ама се надевам дека ќе биде подобро – рече Пампуров. Тој е присутен и на сите политички митинзи во изборните кампањи кога од бројната маса очекува дека ќе купи секој по нешто.

Мемет нуди многу видови бонбони за сите вкусови, јатма –  шеќер или шарени бонбони,  ментол, дроп, свилени бонбони, леблеби шеќер и кој ќе касне ќе порасне, шеговите ги повикува купувачите. Своевремено децата  не знаеле за денешниве марки чоколада, туку растеле со шеќерлемињата на Пампурот. За постарите велешани неговите производи се бренд, како што се многу други познати светски марки, бидејќи со тие шеќерлемиња раснеле и пораснале. патем неговиот прекар значел парна локомотива - пампур.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »