Петар Печков
Објавено: петок, 30 март 2018
Општина Веелс потпиша договор за соработка со Пансионот за кучиња Гиовски тим. Тој ќе се грижи за заловување и стгручен третман на кучињата скитници, нерегистрираните кучиња на територијата на Општина Велес и нивно згрижување. Прифатилиштето е во близина на селото Војница, на 10 км од градот. Ова доаѓа по реакцитие на јавноста за бројноста на кучињата скитници во градот. Само денес, петок во Општината дошле три барања за обесштетување од илјада евра, на граѓани поради тоа што се каснати од куче
Мило ми е што конечно успеавме да потпишеме договор со стручна кометентна фирма специјализрина за третман и згрижување на кучиња скитници. По бројните критики во јавноста и хаотичната состојба во градот, со години наназад што резултира со бројни судски пресуди за граѓани кои биле каснати од кучиња скитници, што е голема финансиска штта за Општината. Добро е што конечно имаме фирма која ги исполнува условите за соработка, по основ на конторла на кучињата скитници одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство - рече градоначалникот Аце Коцевски.
Одговарјаќи на новинарско прашање, што по еден месец минат во прифатилиштето, каде тие кучиња ќе завршат, Коцевски додаде:
Согласно Законот за хуман третман на кучињата не обврзува максимално да овде да ги чуваме 28 дена, потоа мора да се вратат на улиците, освен тие што болни и насилни кои можат да се еутинизрани. Опасноста и визуелниот впечаток од страв од кучињата секогаш постојат. Со Центарот за бездомни животни на Здружението ,,Гласот на животните,, не можеме да соработуваме оти немаат правен легитимитет. За случаите на труење, го разбирам револтот на граѓаните но не го оправдувам. Отровот може да дојде и до мали деца, тие можат да видат како кучињата умираат во маки и тоа не е добро - рече градоначалникот Коцевски.
Вредноста на договорот изнесува 1.650.000 денари со вклучен ДДВ. Средствата се обезбедени во Буџетот на Општина Велес преку Програмата за здравствена заштита, како дел од Годишен план за третман во 2018 година. Агенцијата за храна и ветеринарство согласно Законот за заштита и благосотојба на животните и член 87 од законот за општа-управна постапка има донесено решение за одобрување прифатилиштето.
Кучињата кои се овде, а ги има 40-тина се кастрирани, третирани во Ветеринарата станица во Велес. Заловени се од простор околу училиштата и од централното подрачје. Моја преоцнека е дека во градот има 250 кучиња скитници. Сите кучиња ќе бидат третирани од болеста лајшманиоза и од шуга, од крлежи, ќе бадит избањати и по еден месец ќе бидат вратени од местото каде биле заловени. Сите ќе имаат жолта маркичка на ушите. Тие кучиња се третирани од заразни болести и се кастрирани, и непостои опасност од нивен напад. Кучињата ќе се усмртуваат ако се премногу агресивни кое не може да се социјализира или болно и неизлечиво - рече Ристе Гиовски сопственик на прифатилиштето.
Тоа е од отворен тип, може да го посети секој граѓанин, и ако има желба може да вдоми миленик. Или ако имаат маалски миленик,кој го хранат и чуваат да го донесат тука да биде третиран, вакциниран и кастриран. Во однос на честите случаи на труење на кучиња во градот Гиовски рече:
Има поговорка дека нема лошо куче, има лош човек. Кучињата не се криви за своите постапки. Некои луѓе имаат страв па ги удараат кучињата, но создваат одбивност и можно е да дојде до агресија, од нивна страна. Има бројни случаи кога човек или семејство вдомиле куче па потоа го оставиле на улица и така кучињата бездомници се множат. Мислам дека обврската да се чипуваат кучињата, коај стапвау од летово ќе воведе ред. Тоа нешто како лична карта за куче и ако некој сопственик го напушти, ќе се знае чие е и да сноси одговорност. Мораме да им приоѓаме со љубов на кучињата. Тие ја чувствуваат секоја промена кај човекот. И тогаш се случува таа агресија. Кучињата трчаат по поштар, по луѓе кои носат стап, чадор, мантил од нешто од што се плаши. И тогаш напаѓа. Трчаат по автомобили кои со својот звук ги иритираат, не по секоја кола, туку некоја која со брмчењето ги иритира -додаде Гиовски.
Тој верува во гласините дека од други градови, населени места доаѓаат лица со комбиња и оставаат кучиња во градот или околината. Професионално со кучњиа работи од 1989 година, во ЈНА па во АРМ и додатно приватно. Досега два пати е каснат од кучиња а работел со повеќе до пет илјади кучиња.
Tweet |