речник контакт

Панче Ќурчиев Пампикот за велешките забави и коцнерти

За концертите во Офицерски, во киното,за игранките

Петар Печков

Панче Ќурчиев  кај велешани  познат како Пампикот се присетува на музичкиот живот во градот во 60-тите и 70-тите години.  За првите групи, но и за концертите кои се одржувале во киното.

Се свиреше рок, џез. Имаше   оркестар во кој беа  Оцката, Каргата, Нојот, Бандулата, Ристо,  а мене таму ме носеше  како дете, братучед ми  Пенчо Мартин. По нив  дојдоа Благој Бандулата со браќата Решад, Месуд и Реџеп. Потоа  се појави  групата Педуто  со Ристо шерифот, Пенчо Мартин и Дуле,  и група  Палома во која беа три гитари браќата Решат,  Месут, Реџеп и Петре шерифот, свиреа мексиканска музика. По некое време сите тројца Реџеп, Решат и Месут замина кој Нови Сад кој Германија. Ова е од  55-та до 60-та. Тогаш почнуваме да го слушаме Радио Луксембург, да доаѓа странска музика.   Беше 64-та, 65-та, се формираа групи Елиси од Гимназија Стево Неделков џез, Трајче машето ритам гитара, Иле џичкинот бас , Ѓоре инжинерот  соло гитара и вокал  Цоле Јосифиски и Изотопи  од Хемиска свиреа Бегинот- бубњеви, Љупчо Босилков бас и вокал, Венко- ритам, Ѓошка Андрашев - оргуља, и Пепи  соло, подоцна доаѓа Трајче Органџиев. По нив се формираат Триумфи, Лебеди и Биланси – вели Ќурчиев.

Тој имал искуство и во организацијата на велешките забави.

Во 1971 имаше Гитаријада во Скопје, каде учествуваа Триумфи, дојдоа до финале. Прво место беа Безимени со Армен Сурмеан а второто  Триумфи го делеа со Необични од Скопје. Следната година оти немаше Гитаријада во Скопје направивме во Велес, јас заедно со Кире Василевски, Радио Велес и Киното 11 Октомври. Имаше две полуфинални вечери и финале во сабота. Од Велес беа и Триумфи и Лебеди, а учествуваа меѓу другите и Златни стени од Валандово со Јанко Узунов и Цветанка Ласкова, Безимено со сегашната легенда  тапанарот Гаро. Имаше 10 состави. Во финалето гости беа Олгица Андоновска од Кочани, Андреј Сопронов од Скопје и Ацо Симоновски.  Триумфи  пееја странски песни Аплаузи, Афродитини деца и  Јами, Јами со три вокали Триумфи – Тоше Карбев, Крсто Гочев и Миле Тодоров а членови беа и  Бегинот, Архо,   тие победија пред Необични од Скопје и трето беа Лебеди – се присетува Пампикот.

Поради полната сала и големиот интерес се пројавила желба да  се носат познати музичари од тогашна Југославија. Така во наредниот период  велешани имале можност да ги видат и слушнат на локалната сцена,  лицата кои биел често гости на телевизија. 

Се договоривме со директорот на киното, Шескокалот оти имаше голем интерес кај велешани, да организирам  за концерти.  Во Велес дојдоа Индекси, Про Арте,  Габи Новак, Тереза Кесовија, Арсен Дедиќ,  Црвени Кораљи, Елипси,  Силуети, ЈУ група, Здравко Чолиќ, Корни Група, Мики Јевремовиќ. Сите ѕвезди што постоеја тогаш сите дојдоа,  во киното, салата беше преполна. Некои имаа и по два  концерти. Здравко цела недела пееше во Офицерски на летна бавча. Пејачите не беа скапи. Важно беше да се плати салата, да се откупи од 800 до илјада динари. А парите од билетите  беа за нив. Секогаш се продаваат билетите, Имаа и по два концерти. Имаше и фолк пеачки, дојдоа Лепа Лукиќ, Силвана Арменулиќ. На сцена се качуваа Никола Фазлијата, Симо прчот, Скакарот, Орце Урдарот  и пееја со пеачите – рече Пампикот.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »