Петар Печков
Објавено: четврток, 27 октомври 2022
Попладнево Панче Коцев ја промовираше неговата книга „Потрага по загубениот гроб“. Коцев дипломирал на Факултет за криминалистика, живее во Градско и ова е негово прво дело, создадено во време на ковид пандемијата.
„Делото е историска фикција. Тоа е трилер со историски примеси. Пишувам за тројца археолози од три различни универзитети од светот, кои се сретнуваат по 20 години за да го исполнат нивниот студентски сон, да го најдат изгубениот гроб, на најголемиот македонски војсководец. Историјата ми беше омилен предмет на училиште. Работев долго време водич кустос на локалитетот Стоби. Во време на ковид пандемијата, барав нешто креативно што ќе ме исполни и се создаде оваа книга“ - кажа Коцев. Тој ја очекува повратната реакција од читателите и го подготвува неговото втор дело. Издавач е самиот автор.
Извадоци од книгата читаше актерот Жарко Спасовски. Организатор на промоцијата беше Локалната библиотека Гоце Делчев, во чии простории, во медиотеката , се одржа настанот.
Tweet |