Петар Печков
Објавено: сабота, 25 јануари 2014
И годинава, како и сите претходни Киро Папазов скокна во Вардар по Богојавленскиот крст. Не го фати, но остана верен на традицијата.
Тој е првиот кој го фати, во 1989 година, откако беше обновена традицијата на фрлање на крстот во Вардар Како и тогаш, така и сите овие 25 години Киро без оглед на неговите обврски, скока по крстот.
Нема толку к`смет, но затоа велешани го помнат дека е дел од традицијата и човек без кого не може да се замисли Водици. Добро здравје за Папазот да го гледаме и следните години.
фото: Д. Миладиновски
Tweet |