Петар Печков
Објавено: петок, 18 мај 2012
Во рамките на манифестацијата Денови на Македонската култура во Сплит, отворена е изложба на дела од Папрадишката колонија. Таа е поставена во Градската библиотека во Сплит ,,Марко Марулиќ,,. Организатор на гостувањето е Заедницата на Македонците во Република Хрватска. На изложбата се претставени 17 слики во разни техники и 9 копаничарски дела од минатогодишната продукција.
Истата оваа изложба потоа ќе биде поставена и во повеќе хрватски градови, каде рабтоат друштвата на Македонците, во Задар, Риека, Пула, Загреб и Осијек.
Кавадаречкиот Локален музеј е домаќин на изложбата „Велес низ стари фотографии“. Изложбата е организирана во соработка со Локалната установа Народен музеј Велес, откако претходно истата беше прикажана и во Скопје.
Aвторот на изложбата Павлина Василева рече дека поголем дел од фотографиите се собрани веднаш после ослободувањето, дел од нив се донирани од страна на граѓаните, а дел се купени.
Изложбата опфаќа период од 100 години историја на градот Велес, од најстарата фотографија од 1863 година до 60-те години на 20 век, низ кој е проследен развојот на градот прикажан низ призмата на историјата, етнологијата, архитектурата и други аспекти.
Tweet |