Петар Печков
Објавено: вторник, 09 ноември 2010
Во Ликовниот салон во Велес е отворена ликовната изложба ,,Папрадишки мајстори,, на која се претставени 30-тина дела од годинашниве учесници на оваа манифестација. Со слики во различни техники и копаничарски дела, автори од пет земји Македонија, Србија, Словенија Бугарија и Романија се претставија на велешката јавност.
Делата беа создадени во текот на месец август во спомен куќите на Касапови и Џинот, кои за овој период беа ателјеа на уметниците. Новата концепција на колонијата, резултираше со нови инспирации на авторите, кои создадоа дела во кој преовладува мотивот од старото градско јадро на Велес.
Tweet |