речник контакт

Параклисот Св. Ѓорѓија пак ги отвори вратите, МПЦ го чествуваше св. Климент

Двата параклиса Св. Ѓорѓија и Св. Климент го собраа верниците

Петар Печков

Барем на кратко, за еден ден, повторно оживува најстарото училиште во земјава, кај велешани познато како Св. Ѓоргија. На 9-ти декември, секоја година истоимениот параклис ги отвора вратите за верниците од Велес, се слуша жагорот и вревата, само сега не од учениците туку од православните христијани кои доаѓаат во објектот каде Јордан Хаџи KКонстантинов Џинот, пред 160 години, ги одржувал првите часови на мајчин  јазик. 

И годинава велешанаи се упатија кон месноста Прцорек, на левиот дел во старото градско јадро, каде се наоѓа објектот , во кој своевремено Џинот држел настава.  Верскиот објект тешко ќе се распознае меѓу останатите куќи на улицата Богдан Каракостев  доколку не е таблата поставена пред дваесетина години, на куќата со бр.14  на која пишува  ,,Тука 1857-та година, со средства на жителите од брзоречката општина е основано првото класно трговско училиште во Македонија“.   Велешани годинава поскромно дојдоа, запалија свеќа за здравје, други понесоа славски колачи и така параклисот повторно, на кратко заживеа.


 Повардарската Епархија го одбележа и 8-ми декември  патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски кој се наоѓа во просториите на Епархијата. И овој објект беше полн со верници кои дојдоа  на вечерната и утринската богослужба, но и беа прекршени славските колачи и беше послужена трпеза на љубовта.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »