речник контакт

Паралелка на албански јазик во Чашка

Во конкурсот за запишување на ученици во средно образование, Министерството за образование и наука планира да отвори и една паралелка на албански јазик.

lj lkjl

Во конкурсот за запишување на ученици во средно образование, Министерството за образование и наука планира да отвори и една паралелка на албански јазик. Паралелката ке се води под гимназијата „Кочо Рацин“, а ке работи како дисперзирана во Чашка. Ваквиот потег на Министертсвото е како резултат на Рамковниот договор односно, онаму каде има 20% етничко население да се учи и употребува службениот јазик. според Министерството за образование, во оваа учебна година околу 80 албански деца завршуваат основно образование. На прашањето до министертвото дали има квалитетен кадар за успешно образование на овие деца, тие со одговор, ние сме само надлежни да спроведеме квалитетен образовен процес. Тоа значи дека дел од професорите што ке предаваат на албански јазик ке доаѓаат и од Скопје. Градоначалникот на Чашка, Стојан Манев вели дека доколку се отвори паралелка на албански јазик, тој ке побара од министерството да отвори и една паралека на македонски во Чашка, бидејки и децата од македонска припадност што учат во Велес и тоа средно образование се изложени на финасиски трошкови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »