Петар Печков
Објавено: четврток, 23 август 2012
Иако минаа три години од поројот во Потокот граѓаните од овој дел на Велес се уште ја немаат добиено ветената финансиска помош. За последните три години не е исплатен ниту еден надомест за штета, за бројните поплави, порои и невреме го зафатија велешко. Оштетените кои очекуваат финансиска помош засега не ја добиле. Тие се упорни и натаму бараат ветеното да го добијат, бидејќи сметаат дека немаат вина за штетите кои ги претрпеа поради временските неприлики.
Минаа три години откако поројот го уништи Потокот а немаме добиено ниту денар од одобрените средства. И две години откако се случи истото. Две невремиња а немаме ни денар добиено оштета. Се обидуваме да дознаеме кога ќе ни ги дадат парите, кои како надомест за штета ни ги ветија. Комисија од општина Велес и направи записници, кој колку штета претрпел. Пролетта следната година Владата најави дека се одобрени 15 отсто од средствата кои се пријавени како штета, со можност со уште други 15 до крајот од годината. По толку време немаме ништо добиено. Ги немаме тие пари добиено а да не зборуваме за обештетување од невремето кое не зафати во јуни 2010-та година – велат жителите од населбата Потокот.
Но не само тие чекаат пари за обештетување од двата порои од 13-ти август 2009-та преоценета штета 30 илјади евра и 20 јуни 2010-та преоценка пет илјади евра. Чекаат и земјоделците за невремето кое го зафати Велес во два наврати 18 април 2010 три илјади евра, 8 јуни 2011 500 илјади евра и големата поплавата од 5-ти декември 2010-та година кога Вардар се излеа. Согласно Законот за заштита и спасување проценката која ја прави општинска комисија се доставуваат до Владата, која исплатува извесен процентуален дел од штетата, која таа ќе го одлучи, за да се обештетат граѓаните.
На општинска сметка до сега нема легнато пари, кои треба да ги исплати Владата како обештетување од претходните природни непогоди – изјавија од локалната самоуправа на Велес. Владата средствата кои ги одобрува ги префрла на општината, која со ребаланс ги пренаменува до крајните корисници, во случајот оштетените граѓани а што досега овие три години се нема случено.
Tweet |