Петар Печков
Објавено: петок, 20 ноември 2026
И Граѓаните на Велес и советниците не се задоволни co состојбата со бездомните кучиња во градот. На седница на Советот каде се разгледуваше деветомесечниот извештај за работата на ЈП регионален центар за згрижување на бездомни животни Стационар „Шепа“, кој времено ги згрижува овие кучиња, советниците кажаа дека состојбата на терен не е добра.
„Дали парите кои граѓаните на Општина Велес кои издвојуват за работа на „Шепа“ годишно 4,4 милиони денари, добиваат резултати адекватно на тој финансики товар. Дологрочно се работи на намалување на размножувањето, не е познато дали оваа цел се постигнува. Потребно е да се работатат кампањи за вдомување на бездомните кучиња“ – рече Анета Стаиќ од партијата Левица.
Таа реагираше дека планот за набавка на храна за кучињата за 9 месеци е исполнет со 32%. Констатираше дека Општина Велес не должи ниту денар, ниту за годишната котизација, ниту за заловени кучиња, редовно си ги сервисира долговите. Наспроти тоа Кавадарци и Неготино имаат по 2,5 милиони и 1.5 милион денари долг за девет месеци.
„Состојбата по улиците на градот со бездомните кучиња не е сјајна. За тоа имаме поплаки од граѓани, статуси на ФБ, реакции. Од друга страна надлежните од локалната власт велат дека на секоја нивна реакција, вие доаѓате во Велес и сте кооперативни и ја завршувате обврската. Вие го давате максимумот, но дали се решени проблемите. Граѓаните очекуваат многу повеќе. Велес плаќа најмногу а Кавадарци има најмногу заловено кучиња“ – кажа Маја Демерџиева од ВМРО-ДПМНЕ.
Во извештајот за првите 9 месеци годинава, пишува дека ЈП стационар „Шепа“ за девветте општини кои ги покрива има 563 заловени бездомни кучиња, од нив 114 се вдомени. Во Велес биле заловени 148 а 18 вдомени. Во овој стационар се врши стерилизирација, вакцинирација, кастрирација на бездомните животни, кои тука согласно законот остануваат до 30 дена а потоа се враќаат на местото каде се заловени.
„Во Велес доаѓаме два до три пати неделно. Излегуваме на терен, гледаме кучињата се со маркица, значи стерилизирани. После еден месец на истата локација имаме нови кучиња. Кога доаѓаме на терен во Велес, под четири нови заловени кучиња не сме. Имаме ситуација кога бездомни кучиња кои се маалски, граѓаните реагираат остави го тоа е наше. А тоа куче создава или остава потомство и се зголемува бројот на маалски кучиња. Женска единка дава годишно пет нови кучиња, а може и десет. Целта е да го намалиме бројот на нестерилизрани кучиња. Во однос на реакцијата за бројот на заловени кучиња од Кавадарци кој е поголем, ќе илустрирам со пример. Стационарот е во околината на Кавадарци, заловуваме куче од Кавадарци го пуштаме по 30 дена, тоа за некое време се враќа и ни носи неколку другарчиња. Такви примери има повеќе“ – изјави Снежана Гинева директор на ЈП регионален центар за згрижување на бездомни животни Сатционар Шепа.
Таа дополни дека при вдомувањето најмногу помагаат активистите за доброто на животните.
| Tweet |




