Петар Печков
Објавено: четврток, 10 јуни 2010
Собранеи пари се во висина од 78.750 денари а и оставија на локалната власт на Велес да ги плати нивните 11.250 денари. Со уплатата на 90 илјади денари наесен ќе може да продолжи првиот судски процес во Македонија каде што општината ја тужи државата, овој пат поради три децениското загадување предизвикано од работата на топилницата.
Ова е победа на Велес и велешани кои со пружената рака кон касичките, покажаа дека здравјето на нивните деца и идните поколенија е најважно. Тие го кажаа нивниот интерес и преку него повеќе никој не ќе може да оди – изјави Весна Шкортова извршен директор на фондацијата ,,Фокус,, .
Преку саботата акција од граѓаните во касички беа собрани 41 илјади денари, 13,5 илјади од телефонските повици кон мобилните оператори и остатокот од донации на Повардарската Епархија на МПЦ и продукцијата К-15. Парите кои се собираа наменети се за вештачење кои парцели, на 10-тина локации во градот, кои треба да се испитуваат дали и колку се загадени со тешки метали, производ од работата на Топилницата ,,Злетово,, за нејзиното 30 годишно неконтролирано загадување. Неутврдените загуби за овој период на тешки метали при процесот на производство се 55 илјади тони олово, 1,4 илјади тони кадмиум како и 300 илјади тони сулфурдвеоксид, отровни материи од кои најголем дел завршија во велешката почва.
Три децении државата само земаше од топилницата а Велес и неговите граѓани, освен плати за илјада работници, ништо не добија. Тука не влегуваат болести и смртта. Затоа време е државата да го плати цехот и со оваа тужба да ги исчисти сите јавни површини од тешките метали – вели Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.
Почвата според две независни истражувања, изработено од македонски и странски стручњаци, велешката почва до 40 см во длабочина е загадена со олово и кадмуим. Но овие научни истражувања не се релевантни за судскиот процес Велес против државата, бидејќи не се изработени од овластени судски вештаци, затоа е потребно стручно вештачење. Стручњаците посочуваат дека за велешани најголем проблем сега е почвата со големото присуство на тешки метали, кои преку системот на исхрана доаѓаат до луѓето.
Постои евидентен здравствен и еколошки ризик, поради загаденоста на почвата, кој мора да се реши. Во него треба да се вклучат надлежните Министерства за образование и социјални работи како и локалната власт. Треба да се санираат јавните површините во училиштата и детските градинки, игралиштата и кругот на овие институции. Треба да се смени почвата, тревата, земјата, песокот, да се засадат дрвца, цвеќе. Во Велес не треба да има гола површина од земја – вели д-р Михаил Кочубовски од Републичкиот завод за здравствена заштита од Скопје.
Tweet |