Петар Печков
Објавено: вторник, 08 јануари 2013
Рибокрадецот Душко Атанасов доби глоба од 670 евра затоа што фаќал риба нелегално. Тој е парично казнет со 670 евра, откако рибочуварите на ЗСР Бабуна го фатиле во организирана акција на дело со пет мрежи и шест кг риба.
Атанасов, жител на Градско бил фатен на 23 мај годинава на вливот од реката Брегалница во реката Вардар, како лови риба со мрежа. При контролата од рибочуварите рибата била откриена, маскирана со зелка која била набрана и поставена над нив, на запрежна кола. Судот поради ова на Атанасов му изрече парична казна од 41 илјади денари.
Tweet |