Петар Печков
Објавено: петок, 20 февруари 2015
Општинскиот Сојуз на пензионери од Велес донел одлука материјално да ги помогне двете настрадани фамилии во пожарот од месноста Дворови.
Семејството Бошкови доби 30 илјади денари, оти имале и починат во семејството, семејството Јанушеви доби 20 илјади денари. Велешките пензионери одлучиле да донираат 30 илјади денари за поплавените подрачја во Македонија.
Учениците, наставниците и родителите пак од ОУ Блаже Конески собраа 59 илјади денари, кои веќе стигнаа до семејството Јанушеви. Тие го собраа овие средства оти двете деца на семејството се ученици во ова училиште.
Tweet |