Петар Печков
Објавено: петок, 03 јуни 2016
Започнаа граденжните работи, со кои треба да се постави осветлување во паркот пред Општинската зграда во Велес. Работите се одвиваат во две фази, со првата ќе поставуваат осум а потоа уште шест канделабри.
Овој простор го користат гаѓаните од соседните згради. Но тој се користи само додека има природна светлина а потоа не. До мене дојде делегација на граѓани од вој дел на населбата, со барање тој да се осветли. Тоа и го правиме бидејќи просторот е мошне посетен и од деца и од возрасните - рече градоначалникот Чадиев.
Освен светилки, ќе се постави и урбана опрема, неколку клупи, за да може што повеќе жители да го користат паркот и зеленилото за одмор.
Од актуелните активности, градоначалникот најави дека ќе се постават неколку видиковци на јавни површини во градот. А ќе започне и крпењето на улиците.
Tweet |