речник контакт

Партиски надмудрувања за мотелот во Горно Врановци

СДСМ бараше да се поништи одлуката за подарок, ВМРО-ДПМНЕ не дискутираат се додека предметот е во судска процедура

Петар Печков

Уставен суд ќе ја решава судбината на  хотелот во Горно Врановци, велат правници кои  ТРМР ги консултираше во случајот со овој објект, бидејќи во решението на Државниот инспекторат за локална самоуправа стоело дека постапката се запира, таа е незаконска и не произведува правни дејствија.

А токму поради ова решение   денешната   седницата на Советот на општина Велес донесе многу дискусии,  пред таа и да започне. Темата беше Хотелот во Горно Врановци. СДСМ бараше да се стави точка на дневен ред со која ќе се поништи одлуката за подарок и така тој да се врати во владение на Општина Велес. ВМРО-ДПМНЕ апстинираше од дискусија бидејќи предметот бил  во судска постапка. По ова СДСМ поднесе   точка на Дневен ред итна постапка на оваа седница,   Информација за Решението од Државниот инспекторат, но истата не беше изгласана откако ВМРО-ДПМНЕ  со коалиционите партнери се воздржа од гласање.

И додека СДССМ сметаше дека решението на Државниот инспекторат за локална самоуправа е извршно  и треба да се спроведе, од ВМРО-ДПМНЕ нема да дискутираат се додека предметот е во судска процедура. Во меѓувреме општина Чашка го понуди по втор пат на продажба за 400 илјади евра а лицитацијата ја закажа за 1-ви октомври, откако претходната пропадна бидејќи на неа не се јави  никој.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »