Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јануари 2022
На следната седница, понеделник 31-ви јануари, како итна партија „Левица“ бара да се постави точка на дневен ред за граѓаните да се изјаснат на референдум, дали да се продолжи со градење во околината на езеро Младост.
Ова доаѓа откако на претходната седница на Советот, токму по барање на партијата „Левица“ беше симната точката од дневниот ред за „Предлог програма за продажба на градежно земјиште во 2022 година“ а истата е постаена на оваа 8-ма.
Партијата веќе го испратила барањето за дополнување на дневниот ред со нова точка а останува дали советниците ќе прифатат да разговараат по неа. И ако ја прифатат да се стави, ќе треба со мнозинство гласови истата да се изгласа „
Левица“ го предлага и референдумското прашање“ Дали сте согласни Општина Велес, по пат на јавно наддавање ги отуѓи државните парцели покрај езеро Младост, со нив да стопанисува приватен субјект“.
Ставот на „Левица“ е дека околината на езеро Младост е доволно продадена на приватни субјекти и нема простор повеќе за обичниот граѓанин каде да се одмара и рекреира.
Со предвидената програма се планира да се стават на продажба површини каде може да се градат куќи за домување, хотел, камп населба, изнајмување на плажа, поставување на шанкови.
Од локалната власт објаснуваат дека тоа се истите површини кои се продаваат или изнајмуваат со години наназад и за нив досега немало интерес.
Tweet |