речник контакт

Парцели „Езеро Младост“

Словенци за три пати повисока цена од почетната ги купија најпривлечните парцели во сателитската населба „Езеро Младост“ лоцирана крај Велес.

Петар Печков

Словенци за три пати повисока цена од почетната ги купија најпривлечните парцели во  сателитската населба „Езеро Младост“ лоцирана крај Велес. Претставници на словенечки фирми за 1.200 денари, наспроти почетната од 400 денари за квадрат купија три парцели, кои се наоЃаат спроти комплексот на Регионалната академија на „Прокредит Банка“ во изградба. На петочното  јавно усно наддавање, кое се одржа во Министерството за транспорт и врски од 32 парцели продадени беа осум, останатите  ги купија велешки и скопски бизнисмени. Тие ги добија за нешто поголема од почетната 400 денари за квадрат. Од продажбата на ова државно градежно земјиште, наменето за изградба на  објекти за домување, во Републичкиот Буџет ќе се соберат 5,6 милиони денари.

Новите сопственици се обврзани предвидениот објект со урбанистичкиот план да го изградат во рок од две години, во спротивно договорот се раскинува. Интерес имало и за останатите парцели, но бидејќи имало само по еден заинтересиран, наспроти потребниот минимум од двајца, лицитацијата за нив не се одржала. Поради ваквиот интерес било најавено до крајот на годината дека парцелите што останела повторно ќе бидат ставени на продажба. Со претходната лицитација беа продадени три парцели.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »